ИНФОРМАЦИИ ЗА НИСКО ТОКСИЧНИ СУПСТАНЦИ

ИНФОРМАЦИИ | НИСКО ТОКСИЧНИ СУПСТАНЦИ

НАЈЧЕСТО ИНГЕСТИРАНИ, НО НЕТОКСИЧНИ ПРОДУКТИ

Случајната или намерна ингестија на некои супстанции кои ги употребуваме во нашето секојдневие предизвикува страв кај најблиската околина, недоумица кај лекарот за степенот на ургентност на состојбата и транспортни трошоци. Табелата ги прикажува најчесто ингестираните, генерално нетоксични супстанции:

НАЈЧЕСТО ИНГЕСТИРАНИ НЕТОКСИЧНИ ПРОДУКТИ

 

Продукти за лична употреба

Средства за домаќинство

Различно

  1. Пенести купки за бањање
  2. Сапун
  3. Кармин
  4. Лосион за раце
  5. Лосион за сончање
  6. Колонска вода (со мал % на алкохол)
  7. Крема за бричење
  8. Шминка за очи
  9. Паста за заби
  10. Дезодоранси
  11. Друга козметика
  12. Шампони
  13. Талк(освен инхалиран)
  1. Течности од термометар(вклучително живини)
  2. Мастило за пенкало(1 резервоар)
  3. Молив
  4. Свеќи(освен против инсекти)
  5. Пенкала/гуми
  6. Детергент за перење
  7. Фабрички омекнувачи
  8. Белило за домаќинство (само ако е < 5% natrium hypochlorite)
  1. Капсули за детски пиштоли
  2. Водени боици
  3. Силика гел - за чевли (silicon dioxid)
  4. Пластелин (Play-Doh®)
  5. Силиконски пластични игрчки (Silly Putty®)
  6. Кибритчиња
  7. Играчки за бањање (кои плутаат)
  8. Смеса за китирање
  9. Креда
  10. Поливитамински препарати за деца